еМагазин
Image default
Локално

За еден час 70 дури сообраќајни санкции во Тетово

Министерство за внатрешни работи денеска во Тетово ги продолжи засилени акциски контроли на сообраќајот. Портпаролот на МВР, Тони Ангеловски истакна дека за само еден час се откриени 70 сообраќајни прекршоци.

-Во овој еден час од акцијата имаме 70 санкции од кои највеќе се за нерегистрирани возила, возење без возачка дозвола, како и мотоциклисти кои прават прекршоци во сообраќајот. Засилените акциски контроли продолжуваат во текот на овој ден и наредните денови.

Од 20-тина дена колку што ги спроведуваме овие засилени акциски контроли на цела територија на Северна Македонија досега имаме изречено над 9.000 санкции за прекршоци во сообраќајот од кои најголем број се пречекорена брзина, возење без возачка дозвола, прекршоци на мотоциклисти, нерегистрирани возила итн, потенцира Ангеловски.

Тој упати апел до граѓаните на Тетово, како и до сите жители на Северна Македонија да се почитуваат сообраќајните правила и прописи со цел безбеден сообраќај на улиците и на патиштата во државата.

-Сакаме преку медиумите да пратиме порака заеднички да придонесеме за безбедни улици и сообраќај. Не е целта да се казнуваат граѓаните, напротив ние спроведуваме превентивни, но мораме да имаме и вакви репресивни мерки се со цел таму каде превентивата не делува, да можеме да воспоставиме ред на улиците, истакна Ангеловски.

Засилената акциска контрола ќе трае целиот ден, а за утре Ангеловски најави комплетна информација колку мерки се преземени и за што се казнети луѓето кај кои се констатирани сообраќајни прекршоци.

МИА/Фото: МВР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во водите на Вардар најдено телото на Иса Рушити, по кого се трагаше три недели

Редакција

Скопјанец пукал кон „Мерцедес“

Редакција

65-годишен маж пронајден починат во автомобил пред угостителски објект во Хиподром

Редакција