еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ ТОП СТОРИИ

Медика Вера нуди бесплатни основни прегледи за лица без документи или без пари

Ако знаете некој случај на сограѓани без документи или без пари, а во потреба, врата кај нас во ПЗУ Ординација по општа медицина – Медика Вера е секогаш отворена за бесплатни основни прегледи, анализи и терапија, информираше доктор Ненад Лазаров на неговиот Фејсбук профил.

„Она што не можеме ние знаеме кој може и ќе ве упатиме, во земја со социјално здравство недозволиво е да ни умираат луѓе од состојби кои може да се третираат. Опцијата и за бесплатна домашна посета кај што треба најмногу си стои. 02 5111 666,“ пишува тој.

Смртта на Мемет, колпортерот на Лице в лице го покрена ова прашање во јавноста, кој почина затоа што немал пристап до лекарски услуги, бидејќи немал документи.

Моментално има околу 1.000 лица под закана да ја доживеат судбината на Мемет

Од Институт за истражување и анализа на политики Ромалитико, велат дека Мемет Камбер за жал не е прва жртва на системот. Покрај него постојат идруги примери на лица кои го загубиле својот живот или се соочиле со сериозни потешкотии во процесот на добивање здравствена заштита.

„Мемет како сиромашно лице немал лична карта затоа што не можел да пријави адреса, бидејќи живеел во дом кој е дивоградба. Што значи ова и какви проблеми произлегуваат од оваа состојба?

Најпрво, ромските населби се соочуваат со проблемот на влез на населбите во урбанистичките планови. За да може еден дом да се легализира потребно е населбата да е дел од ДУП и/или ГУП.

Предлог Законот за легализација на бесправно изградени објекти не успеа да ја реализира својата цел и да обезбеди легализација на домовите на овие сиромашни семејства, туку честопати беше користен за други цели.

Проблемот со легализација покрај тоа што им го оневозможува уживањето на основни човекови права, дополнително ја доведува ромската заедница во состојба каде што не можат да го докажат правото на сопственост врз земјиште и оваа состојба се пресликува на идните генерации со можност/закана за нивно иселување, но исто така им создава потешкотии во пристапот до комунални услуги (вода и електрична енергија).

Поради овие проблеми потребно е итно да се изготви и изгласа законско решение кое ќе им овозможи основни услови за живот за оваа категорија граѓани,“ се вели во соопштението на Ромалитико.

Во него се додава дека за лица кои немаат документи, решение може да биде и алтернативна можност за пријава на адреса во Центарот за социјални работи или општината. Време е да се извршат промени во Законот за лична карта и Законот за пријавување на живеалиште и престојувалиште и да се даде можност на лицата кои немаат свој дом, да може да извадат лична карта.

„Покрај лицата без документи, поради проблемите со урбанизација и легализација, моментално постојат и лица кои не може да ја обноват личната карта и за кои исто така треба да постои решение.

Остварувањето на здравствената заштита е човеково право а неможноста за пристап до здравствена заштита е прекршување на човеково право. Апелираме итно формирање на работна група во Владата која ќе работи на решенија и итно усвојување на потребните измени за пристап до лична карта и други документи. Тагата е неизмерна, меѓутоа не треба да дозволиме да имаме уште вакви случаи,“ се додава во соопштението.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Од утре за влез во Србија ќе ни треба негативен ПЦР тест

Редакција

Се потел и му се појавило црвенило по лицето: Братот на премиерот го тужи потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Николовски

Редакција

Европа беше поплавена заради климатските промени: Екстремните врнежи ќе станат редовна појава

Редакција