еМагазин
Image default
Бизнис

(Мега-галерија) Во Ист гејт мол отворен новиот продажен салон за италијански накит „Rebecca“

Во присуство на ВИП гости – деловни луѓе, поп-ѕвезди, спортисти, мејк ап артисти, модни дизајнери и стилисти – во новиот трговски центар „Ист гејт мол” се отвори новиот продажен салон за италијански накит „Rebecca“.

Македонија на мапата на производителот на брендот „Индустри Тести” ужива високо место како ценета извозна дестинација и пазар на префинети вкусови, а за самото отварање во Скопје, по втор пат пристигна сопственичката и дизајнерка на овој италијански бренд, Ребека Тести.

„Не станува збор само за поставување на ново знаменце во одредена земја или град. Најважни се луѓето, односно не се работи за пронаоѓање на најдоброто место, туку на најдобрите луѓе, најдобрите партнери.

Сакам да ѝ се заблагодарам на Ива и нејзиното семејство, затоа што најдовме многу, многу добар партнер… најдобриот партнер! Ива, ти посакувам многу среќа!“, изјави Ребека Тести.

Италијанскиот бренд за накит “Rebecca“, веќе 3 години ја испишува својата стилска приказна на нашиот пазар, освојувајќи ги симпатиите на македонските дами како со својот дизајн, така и со најновите модни трендови.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Видео прошетка низ Ист Гејт Мол

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Македонија2025 предлага план за забрзан економски раст и нуди поддршка за неговото спроведување

Редакција

Гранит со фирма од Куманово и Бугарија склучија договор со Електрани на Северна Македонија вреден 27,7 милиони евра

Редакција

Македонија повторно повлекува струја од европската мрежа

Редакција