еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Вечерва во три часот по полноќ ќе почне зимското сметање на времето

Вечерва во три часот по полноќ ќе почне зимското сметање на времето. Стрелките на часовникот ќе се вратат еден час наназад, односно времето во три часот ќе се смета како два часот.

Специфика за земјава е што промената на времето се случува во предвечерието на вториот круг од Локалните избори.

Освен кај нас, зимското сметање на времето ќе го применат и поголем дел од земјите од европскиот континент, освен во Исланд, Русија и Белорусија.

Зимското сметање на времето почнува секој последен викенд во октомври и трае до последниот викенд во март следната година, кога повторно настапува летното сметање на времето.

Европскиот парламент на 4 март 2019 изгласа да биде укинато сезонското поместување на времето од 2021 година. Но, Советот на ЕУ сè уште нема донесено конечна одлука, па не е сосема сигурно дека ова ќе биде последното поместување на часовниците во ЕУ.

Сезонското менување на времето, освен во Европа, се применува и во повеќето земји од Северна и Централна Америка, како и во повеќе други држави во светот.

Времето не се менува во Јапонија, Кина, Јужна Кореја, ниту во земјите од африканскиот континент.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Попладне пороен дожд, грмежи и засилен ветер

Редакција

Ковачевски со осуда за отворањето на бугарскиот клуб „Цар Борис Трети“ во Охрид

Редакција

Обвинителство ги проверува предметите за Мерко во обвинителствата во Струга и Битола

Редакција