еМагазин
Image default
Македонија

Мемеди му се налути на Заев, најави оставка од функцијата потпретседател на Собранието и од пратеник

Претседателот на НДП, Весел Мемеди денеска на прес-конференција рече дека не може да се пазарува со премиерот Зоран Заев за размена на Министерството за локална самуправа, бидејќи оваа министерство им припаѓа на Албанците.

Мемеди, кој е и потпретседател на Собранието најави дека ќе поднесе оставка на функцијата потпретседател и ќе го врати пратеничкиот мандат, а оставки ќе поднесат и сите директори и членови на управни одбори предложени од партијата.

Ваквата одлука, како што нагласи, партиските тела ја донеле откако Собранието го разреши министерот за локална самоуправа Сухејл Фезлиу.

-Бидејќи целата јавност знае дека сме дале збор дека ќе ја кажеме вистината и само вистината, денеска ја информираме целата јавност за нашиот став. Како прво, не може да има пазар за министерско место, бидејќи оваа министерство секогаш го воделе министри Албанци, и јас немам мандат да правам пазар во име на Албанците и да го доставам оваа министерство на коалициониот партнер на СДСМ, рече тој.

Како второ, како што посочи, нема никакво морално право, ниту друго право, да жртвува една чесна и способна фигура како што е министерот Сухејл Фазлиу.

Со предложената владина реконструкција за нов министер за локална самоуправа е предложен претседателот на ЛДП, Горан Милевски.

МИА/Фото: Фејсбук/Мемеди

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кој е Горан Милевски, новиот министер за локална самоуправа

Каков имот пријавил Горан Милевски, новиот министер за локална самоуправа

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кривична за злоупотреба на службена положба за поранешен градоначалник

Редакција

Во Бутел шест, двајца во Чаир: Од кои скопски општини се новозаразените со корона вирусот

Редакција

Владејачките партии нудат манифест за преговори со ЕУ, што пишува во него?

Редакција