Според оценката на раководителите на деловните субјекти, индикаторот на доверба во преработувачката индустрија во март 2019 година е зголемен за 0.2 процентни поени во однос на февруари 2019 година и изнесува 20.7, а во однос на март 2018 година е зголемен за 1.6 процентни поени соопшти Државниот завод за статистика.
Состојбата на обезбеденоста на производството со порачки во март 2019, во однос на февруари 2019 година, е понеповолна, очекувањата за обемот на производството во наредните три месеци се поповолни во однос на претходниот месец, а залихите на готовите производи се намалени во однос на февруари 2019 година.
„Оценката за економската состојба на деловните субјекти во март 2019 година е поповолна во однос на претходниот месец, а e поповолна во однос на март 2018 година. Се очекува бројот на вработените да се намали“, соопшти ДЗС.
Просечното искористување на капацитетите на деловните субјекти во март 2019 година изнесува 69.0 % од нормалното искористување.
Најголемо влијание врз ограничувањето на обемот на производството имаат следните фактори: недостигот на квалификувана работна сила со 25.6 %, недоволната странска побарувачка со 16.1 %, недоволната домашна побарувачка со 14.6 %, и неизвесното економско опкружување со 10.7 %.