еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ ТОП СТОРИИ

Мерцедесот дизајниран од нашиот Славче Таневски кој работи во Mercedes-Benz, е еден од најпродаваните модели

Мерцедесот дизајниран од нашиот Славче Таневски кој работи во Mercedes-Benz, е еден од најпродаваните модели, инфоормираат од МакАуто Стар за „еМагазин.“

Воедно, Mercedes-Benz повторно е највреден, луксузен автомобилски бренд според „Best Global Brands2020“. Имено, Mercedes-Benz и оваа година го добива признанието за еден од најпосакуваните брендови во светот.

Според рангирањето на американската консултантска куќа „Интербренд“, Mercedes-Benz е рангиран на 8. место, во конкуренција на сите светски брендови воопшто, и најдобар меѓу луксузните автомобилски марки.

Неговата вредност е проценета на нешто повеќе од 49 милијарди американски долари.

Тоа е единствената европска компанија, која се наоѓа меѓу 10-те најдобри во светот.

„Клучот на нашиот успех се должи на постојаното фокусирање на потребите на купувачите, за кого и создаваме исклучителни производи. Mercedes-Benz секогаш комбинира високо ниво на иновации со желба да понуди уникатно искуство на луксузна мобилност“, Бетина Фицер, заменик претседател во фабриката.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Мадона за првпат се огласи по хоспитализацијата поради бактериска инфекција

Редакција

Убава вест: 522 оздравени од Ковид-19

Редакција

Од утре постудено: Наутро со температури во минус и магла

Редакција