Поради коронавирусот, Панама го ограничи движењето според пол.
Од денеска, мажите и жените ќе смеат да ги напуштат своите домови на два часа, еден по друг и тоа во различни днеови.
Досега карантинот не се спроведуваше врз основа на пол, но според одлуката која денеска стапува во сила, мажите ќе можат да одат во аптека или продавница во вторник, четврток и сабота, а жените во понеделник, среда и петок.
Во недела нема да може никој да излегува од дома.
Во оваа земја според податоците од вчера има 1.075 инфицирани, од кои 43 се на интензивна нега.
Досега од Ковид-19 починаа 27 луѓе.
МИА
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(ВИДЕО) Шеталиштето покрај море во Солун „отиде“ во самоизолација
Дебар, Скопје и Куманово во 4 фаза, какви се проценките на ризикот за ширење на коронавирусот
35 случаи на здравствени работници заболени со коронавирусот, 26 се заразиле во болница