еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

(Видео) 15-годишно момче спасило над 100 луѓе при терористичкиот напад во Москва

Веста за 15-годишното момче Ислам Капилов, кое спасило над 100 луѓе од сигурна смрт при терористичкиот напад во концертна сала во Москва, и видеото од неговиот херојски чин, ги преплавија социјалните мрежи.

Благодарение на момчето, кое таму работело во гардероберот, овие луѓе стигнале навреме до излезот за итни случаи.

„Сфатив дека ако не реагирам, ќе го загубам животот и животот на многу луѓе. Искрено, беше многу страшно“, изјави Капилов за руските медиуми.

Тој им сигнализирал на исплашените и испаничени луѓе да го следат.

„Кога бев во толпа луѓе, одејќи до вратата да ја отворам, помислив дека терористите може да излезат од скалите или од ескалаторот и да фрлат граната или да отворат смртоносен оган. Фала му на Бога, ништо не се случи. Успеав да ја отворам вратата на времето“, вели тој.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Вознемирувачки снимки од терористичкиот напад во Москва објави Исламската држава

Кој друг освен Пендаровски го осуди терорисистичкиот напад во Москва

Путин обвини дека Украина е поврзана со нападот во Москва, таа вели дека тој стои зад истиот

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Абази се откажа од местото во УО на Академијата за судии и јавни обвинители, оти таму сопругата му е на обука

Редакција

Убава вест: Регистрирани 332 оздравени пациенти од Ковид-19

Редакција

(Видео) „Има позитивни поместувања, но овие сигнали не ги намалуваат експлозиите на руските гранати,“ вели Зеленски по преговорите во Турција

Редакција