еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Абази се откажа од местото во УО на Академијата за судии и јавни обвинители, оти таму сопругата му е на обука

Јавниот обвинител Ислам Абази ќе достави барање до Советот на јавните обвинители да го повлече предлогот за негово назначување во Управниот одбор (УО) на Академијата за судии и јавни обвинители.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Абази предложен и за член на УО на Академијата за судии и јавни обвинители, каде сопругата му е на обука

-Јавниот обвинител Ислам Абази се заблагодарува на довербата што Советот на јавните обвинители му ја укажа, назначувајќи го за член на Управниот одбор на Академијата за судии и јавни обвинители.

Абази ќе достави барање до Советот на јавните обвинители да го повлече предлогот за негово назначување во Управниот одбор, се вели во соопштението од Републичкото јавно обвинителство.

Во барањето што ќе го достави до Советот на јавни обвинители Абази вели дека со оглед на тоа што неговата сопруга во моментов е слушател на Академијата за судии и јавни обвинители и е пред завршување на Академијата, не сака да падне било каков сомнеж во објективноста при спроведувањето на завршниот испит и оценувањето.

-Затоа се откажувам од членувањето во Управниот одбор на Академијата за судии и јавни обвинители и барам Советот да ја измени одлуката, истакнува Абази во барањето што ќе го достави до Советот на јавните обвинители.​

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Обвинителот Ислам Абази непознат за јавноста, ама добро познат во ДУИ

Мистериозен како и Катица Јанева: Кој е Ислам Абази, новиот шеф на Јавното обвинителство за гонење организиран криминал и корупција

Каков имот пријавил Ислам Абази, наследникот на Русковска

Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Приведен е напаѓачот на лекарот на Токсикологија, кој заврши на Ургентен поради повредите

Редакција

(Фото) Џафери и новинарите ѝ посакаа на Мира Костиќ мирни пензинерски денови

Редакција

Tоп пет најголеми должници на листата на УЈП: ТЕ-ТО убедливо на врвот

Редакција