еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Абази предложен и за член на УО на Академијата за судии и јавни обвинители, каде сопругата му е на обука

Ислам Абази, новиот шеф на Јавното обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, чие именување предизвика бура од реакции во јавноста и Фиданка Рајевска, член на Советот на јавни обвинители се предлогот на Советот на јавни обвинители за двајца членови од редот на јавните обвинители во Управниот одбор (УО) на Академијата за судии и јавни обвинители.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Обвинителот Ислам Абази непознат за јавноста, ама добро познат во ДУИ

Мистериозен како и Катица Јанева: Кој е Ислам Абази, новиот шеф на Јавното обвинителство за гонење организиран криминал и корупција

За нивни заменици се предложени Бурим Рустеми и Ристе Бојаџиски.

Советот ги предлага и Јован Цветановски и Газменд Мехемти за членови и Пецо Везировски и Фатон Азизи за нивни заменици на Комисијата за завршен испит при Академијата за судии и јавни обвинители од редот на јавните обвинители.

На 69-тата седница, Советот на ЈО донесе и одулка за престанок на функцијата јавен обвинител на Ристе Шошески, поради исполнување на услови за старосна пензија за јавниот обвинител во ОЈО Прилеп.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) Ислам Абази излажа, објавени фотографии со него и функционери на ДУИ на приватни средби, лов…

Каков имот пријавил Ислам Абази, наследникот на Русковска

Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Бугарија ја блокира Македонија, тоа е страшно, вели унгарскиот министер Сијарто

Редакција

Анкета: Најголем непријател на Македонија е Бугарија, „францускиот предлог“ неприфатлив за мнозинството од граѓаните

Редакција

Пендаровски не планира да даде помилување на осудените за насилниот упад во Собранието

Редакција