еМагазин
Image default
Балкан

Мерка за превенција од корона вирусот: Во супермаркет во Грција ќе се влегува со бројче

Влез со бројче, едно лице на 10 метри квадратни, растојание од два метри меѓу купувачите, се дел од мерките што од денеска се во сила во грчките супермаркети за да се намалат турканиците и да се спречи дополнителното ширење на коронавирусот, а паралелно ќе се воведе ограничување за граѓаните за антисептиците, ќе можат да купат најмногу три, јави дописничката на МИА од Атина.

Министерот за развој на Грција, Адонис Георгиадис, рано утрово посети супермаркет (пред да биде отворен за граѓаните) во една атинска населба, каде што го презентираше новиот начин на работа.

Тој рече дека полиците се полни, дури и со антисептици, за кои, во изминатиот период во Грција имаше недостиг.

Само 20 минути подоцна, кога маркетот веќе беше отворен за граѓаните, Георгиадис гостуваше во живо, од супермаркетот, во утринска емисија на телевизијата „Open“ и додека говореше за владините мерки, зад него, во делот каде што се антисептиците, граѓани грабаа по неколку пакувања антибактериски влажни марамчиња и експресно ги испразнија полиците.

Кусо потоа, преку интервју за интервју за ТВ „Скај“, надлежниот министер најави дополнителна мерка.

– Воведуваме плафон – три антисептици за секој потрошувач, рече Георгиадис.

Во однос на работата, супермаркетите од денеска, според одлуките од Министерството за развој на Грција, обврзани се да следат конкретни мерки, меѓу кои да гарантираат дека во просторот ќе има едно лице на секои десет метри квадратни со најмалку два метри растојание меѓу нив

Од Министерството велат дека самите компании треба да воведат механизам за контрола на влезот во маркетите за да гарантираат дека нема да се створи гужва.

Еден од поголемите синџири супермаркети во Грција, воведе влез со бројче, токму она што утрово го презентираше и министерот за развој. Објасни дека секој муштерија на влез ќе добие пластифицирана картичка со број, а откако ќе заврши со пазарувањето ја остава на излезот, по што вработените ја дезинфицираат и ја дава на следниот граѓанин што чека во ред надвор од објектот.

Засега, како што јавува дописничката на МИА од Атина, мерката со бројчиња за влез не ја користат сите големи супермаркети. Некои, функционираат како и до сега, но со препорака до граѓаните, во редиците на касите да држат растојание од најмалку два метри.

Исто така, на влезот и излезот, супермаркетите треба да имаат бесплатни антисептични средства за граѓаните, додека, пак, во некои има и ракавици за една употреба.

Паралелно, според информациите во Грција, постои размислување да се воведе проширено работно време на супермаркетите од 7 до 22 часот и можност да бидат отворени и во недела.

Посебни мерки важат и за банките и аптеките.

Во банките, дозволен е влез за максимум пет лица, а останатите чекаат надвор, додека пак за аптеките, ограничувањето е две лица.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Казино „Фламинго“ и хотел ќе ги отстапи собите како место за изолација и карантин

Поради корона вирусот германската Амбасада времено ги затвора конзуларното и визното одделение

„Гардијан“: Епидемијата на коронавирусот во Британија ќе трае до следната пролет во 2021 година

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Казна од САД: Нема учество за Косово во воената вежба „Дефендер“

Редакција

(Видео) Хит на социјалните мрежи: Турчинка го удри сопругот пред камера оти ќе гласа за Ердоган

Редакција

Србија поради корона вирусот ги пломбира границите со соседите: Затвори 44 гранични премини

Редакција