еМагазин
Image default
Бизнис

Мермерен Комбинат во првите шест месеци со намалена добивка

Мермерен Комбинат АД Прилеп за периодот од 1 јануари до 30 јуни 2019 оствари приходи од продажба во износ од 774.516 илјади денари, што претставува намалување за 34% споредено со истиот период изминатата година, соопшти компанијата преку Македонската берза.

„Остварена е оперативна добивка за периодот во износ од 479.912 илјади денари, споредено со остварената оперативна добивка во истиот период во 2018 година во износ од 741.970 илјади денари.

EBITDA за периодот 1 јануари – 30 јуни 2019 година изнесуваше 540.158 илјади денари, наспроти остварениот износ од 815.359 илјади денари истиот период изминатата година.

Крајниот резултат по оданочување за вториот квартал 2019 година е позитивен и изнесува 430.389 илјади денари, наспроти остварена добивка за истиот период минатата година од 666.489 илјади денари.

Оперативните расходи изнесуваат 389.946 илјади денари и се пониски за 4.12% во однос на истиот период минатата година.

Намалени се трошоците за материјали и суровини и расходите за вработените, но зголемени се трошоците за надворешни услуги. Трошоците за амортизација изнесуваат 59.041 илјади денари и тие се пониски за 18.02% во однос на ланската година“, велат од компанијата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Раст на прометот, пад на бројот на трансакции на Македонската берза во октомври

Редакција

Рамстор и Лидл ќе отвараат маркети во Кавадарци

Редакција

Во Арачиново често има израз и на насилство кога се бара да се наплати данок на имот, вели Заев

Редакција