еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Мијалков се спаси и за „Титаник 2„, а казната за Тачи и членовите на ДИК од затворска сменета во условна

Застаре уште еден предмет на поранешното Специјално јавно обвинителство (СЈО), „Титаник 2„, поради измените на Кривичниот законик.

„Титаник 2“ е предмет што се однесува на изборни нерегуларности на локалните избори во 2013 година во Општина Струмица, за кои обвиненија беа покренеати против поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК), Сашо Мијалков, лидерот на ДПА, Мендух Тачи и четворица поранешни членови на Државната изборна комисија (ДИК).

Од Апелациониот суд Скопје денеска информира дека постапувајќи по предметот по одржана јавна седница на ден 15.09.2023 година, а по извршено советување и гласање на 29.09.2023 година, донела пресуда со која “делумно ги уважи жалбите на обвинетите М.Т. од Т., Б.И. од Т., В.С. од К., С.С. од С.и пресудата на Основниот кривичен суд Скопје ја преиначи во делот на одлуката за кривичната санкција“.

-Истовремено, под став II од изреката, по повод жалбите на обвинетиот С.М. од С.,а по службена должност, пресудата на Основниот кривичен суд Скопје ја преиначи во делот спрема обвинетиот С.М. од С. ,носејќи одлука со која се одбива обвинението, согласно член 402 точка 6 од ЗКП, велат од Судот.

Во повторената постапка за „Титаник 2“, на 23 јануари годинава Основниот кривичен суд – Скопје обвинетите ги прогласи за виновни и им изрече вкупна казна затвор од 12 години затвор.

По обвинение за стореното кривично дело „примање награда за противзаконито влијание“, Судот го осуди Мијалков на казна затвор во траење од две години, во која се пресметува и времето поминато во притвор. Ова кривично дело на Мијалков застари на почетокот на април.

Судот на казна затвор од по две години ги осуди Тачи, како и поранешните членови на ДИК, Бедредин Ибраими, Анета Стефановска, Влатко Сајковски и Сашо Срцев за сторено кривично дело „повреда на избирачко право“.

Претходно, на 8 март 2019 година Основниот кривичен суд – Скопје на обвинетите во случајот „Титаник 2“ им изрече вкупно 19 години и осум месеци казна затвор, но Апелациониот суд Скопје во ноември истата година ја укина првостепената пресуда и случајот го врати на повторно одлучување поради „суштествени повреди на постапката“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мијалков нема да одговара за прислушувањето, застаре делото за „Таргет-Тврдина„, трошоците за судењето ќе ги платат граѓаните

„Бројчаникот да врти колку пари ќе му вратиме на Мијалков„: Твитер за застарувањето на „Таргет-Тврдина“, делото за масовното прислушување

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

За да влезете во бизнисот со медицински канабис Ви треба банкарска гаранција од 1 милион евра!

Редакција

Зеленски најави можност за мировни преговори со Русија

Редакција

Сугаревски не е повеќе директор на Царина, на негово место доаѓа Славица Котиров

Редакција