еМагазин
Image default
Македонија

Мицкоски бара електронски попис или одложување за пролета 2022 година

Формално ја отпочнуваме иницијативата со која ќе побараме да укинат Законот за попис што беше донесен без консензус и без елементарно почитување на здравјето на граѓаните во услови на тешка пандемија, најави денеска лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Нагласи дека голем број држави од регионот како што се Бугарија, Србија, Хрватска, Романија и Сојузна Република Германија се одлучија да го одложат пописот за есента или пролетта 2022 година, водејќи сметка и грижејќи се за здравјето на граѓаните.

-Македонија е закована убедливо на дното или на врвот, по бројот на лицата кои што се инфицирани и по бројот на луѓето кои што за жал го загубија животот поради неспособноста на власта за справување со Ковид-19.

Бидејќи кај нас пописот е невозможно да се случи есента 2021 година поради локалните избори и кампањата која што тогаш ќе се случува, апелираме до Владата и до Собранието на разум, да се грижат за здравјето на граѓаните и да го одложат пописот за пролета 2022 година, рече Мицкоски на денешната прес-конференција.

Тој посочи дека ништо нема да промени доколку пописот биде одложен за неколку месеци.

-Гледаме дека воопшто не се ни направени пописните тимови, ниту, пак, обучувачите на пописните тимови, а имајќи ги предвид пандемиските услови во кои се наоѓа државата невозможно е да бидат обучени, а притоа да биде заштитено нивното здравје.

Немаме вакцини со што би ги заштитиле тие луѓе, слушаме дека првите вакцини евентуално би пристигнале во државата во скромна количина некаде на почетокот на март, посочи Мицкоски.

Апелираме, нагласи од Владата и до надлежните во Парламентот да го прифатат предлогот на опозицијата за електронски попис.

-Не го изложувајте здравјето на граѓаните. Не бевте способни да донесете вакцини за тие кои што сакаат да го заштитат здравјето вакцинирајќи се, да им го овозможите тоа, овој пат барем направете електронски попис. Здравјето на граѓаните и човечките животи немаат цена.

Оставете ја оваа статистичка операција за пролета 2022 година или охрабрете се и направите електронски попис по теркот на државите од Европската Унија. Тоа ќе значи дека граѓаните ќе имаат доверба во таа статистичка операција, нема да зависиме од политичкиот двоен потпис и на крајот на денот ќе можеме пристојно да си ја развиваме нашата Македонија, потенцира Мицкоски.

МИА/Фото: ВМРО-ДПМНЕ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Обвинителството чека кривична од МВР за нападот во Контролата на летање

Редакција

Новинарката Катерина Гетева нова одговорна на Секторот за односи со јавноста во Министерството за здравство

Редакција

Црногорски медиуми: Груевски во Црна Гора влегол и излегол во придружба на унгарски дипломати

Редакција