еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Мицкоски го покани Битиќи на средба во ВМРО-ДПМНЕ за да му презентира планот за закрепнување на економијата и помош на бизнисот

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски преку објава на својот профил на Фејсбук го покани вицепремиерот задолжен за економски прашања, Фатмир Битиќи утре да дојде на состанок во 12 часот во седиштето на неговата партија, со цел, како што вели, детално да му го објасни неговиот планот и концептот, кои „ќе значат закрепнување на економијата и помош на бизнисот“.

– Состојбите се пресериозни за вака неодговорен однос на Владата и демонстрација на суета на Димитар Ковачевски, вели Мицкоски во објавата.

Тој наведува дека побарал средба со Ковачевски за „да го презентира концептот за ублажување на последиците од енергетската криза и спас на работни места“ и го повикал на дебата на тема енергетика/економија на медиум кој сам ќе го одбере, но дека премиерот го одбил тоа „со изговор дека сега не било време“.

– Нудам концепт не само за оваа есен и зима туку и за следната година. Од сето ова политички поени не ме интересираат кога цената е иднината на Македонија и илјадници луѓе чии работни места се под знак прашање. Сакам вистински да се помогне, затоа што работите се пресериозни и поважни од суетата на било кој член на Владата, додава Мицкоски во објавата.

Фото: ВМРО-ДПМНЕ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Со 1 милион евра во кеш Жан Митрев гарантира дека нема да бега

Редакција

Прифаќање на барањето на Радев за писмени гаранции ќе значи комплетна капитулација, вели Мицкоски

Редакција

Преговорите меѓу Русија и Украина онлајн ќе продолжат утре

Редакција