еМагазин
Image default
Македонија

Мицкоски: Нема да се кандидирам за претседател ако се одржи вонреден конгрес на ВМРО-ДПМНЕ

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ,  Христијан Мицкоски во интервју за „Топ тема“ на телевизија „Телма“ изјави дека доколку се одржи вонреден конгрес на партијата, тој нема ниту да се кандидира за претседателската функција.

Тој се осврна и на антикризните мерки и рече дека Владата на Зоран Заев не им помогнала на граѓаните со милијарда евра, како што вели, туку таа помош е многу помала.

Според Мицкоски, сето она што беше соопштено на прес-конференција од страна на Заев мора да биде испорачано, затоа што, потенцира, испораката е многу важна.

Ние можеме да си кажуваме многу работи, подвлече тој, но доколку испораката изостане, тогаш попусто било тоа што сме го говореле.

Тој посочи дека итно треба да се реализираат капиталните инвестиции и да се намалат непродуктивните трошоци.

Целото интервју ОВДЕ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) Христијан Мицкоски го прослави 43. роденден: Доби торта со честитка „Среќен роденден претседателе“

Фото: Фејсбук/Мицкоски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нема да има амбасадори со двојно државјанство, власта го повлече предлогот

Редакција

Приведен прилепчанец осомничен за подметнување пожар во Дабница

Редакција

Сабота 8 јуни е работен ден за сите институции коишто не работеа на 7 мај

Редакција