еМагазин
Image default
Македонија

Мицкоски: Поранешните функционери кои го напаѓаат ВМРО-ДПМНЕ се последниот товар од кој се ослободува партијата

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во интервју за Сител телевизија во врска со нападите од поранешните функционери на ВМРО-ДПМНЕ потенцира дека, како што вели, таквите  луѓе не заслужуваат никаков одговор, но и оти тоа се луѓе кои се најзаслужни за пустошот на Зоран Заев низ земјата.

– Јас ценам дека овие луѓе не заслужуваат одговор. Бидејќи веќе ме прашавте, можам да кажам дека ова се луѓето кои што се најзаслужни што Зоран Заев веќе три години пустоши низ Македонија и ова се луѓето кои што практично ја доведоа партијата во состојба во која што во 2017 година ја преземав.

Повторно истите овие луѓе сега се во улога да му помагаат на Зоран Заев во услови какви што се сега да формира владино мнозинство, заклучи Мицкоски.

Тој даде дека нивните обвинувања се темелат на многу лични навреди, на голема фрустрација.

Мицкоски потенцира дека, нивните напади врз ВМРО-ДПМНЕ и врз него, не наидуваат на поддршка ниту во структурата, ниту во членството, ниту помеѓу граѓаните.

– Ова е последниот товар од кој се ослободува ВМРО-ДПМНЕ во овие 31 месец откако сум избран за претседател на партијата. Сега сите тие заедно на купче остануваат да му бидат верен коалициски партнер на Зоран Заев, па јас би му посакал со среќа нека му е со сите нив, додаде Мицкоски.

МИА/Фото: ВМРО-ДПМНЕ

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мијалков до Мицкоски: Ти си тој што директно одработи за СДСМ

Старата против новата гарда во ВМРО-ДПМНЕ: Зошто молчи Никола Груевски?

Љубчо Георгиевски ќе го тужи ВМРО-ДПМНЕ

Кои компании донираа пари за изборната кампања на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „Обнова“?

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

На инфективните одделенија во земјава се лекуваат 823 пациенти болни и суспектни на Ковид-19

Редакција

Шест новозаболени од Ковид-19 во Куманово

Редакција

Во изминатото деноноќие 733 прекршоци за неносење заштитна маска

Редакција