ТТК Банка преку Македонската берза соопшти дека Михаил Петковски е именуван за независен член на Надзорниот одбор на банката почнувајќи од 23.02.2019 година.
Неговиот мандат е четири години, а за учеството во работата на седниците на одборот му следува награда од 45.000 денари.
Оттаму додаваат дека одлуката ќе се применува по добивањето на претходна согласнот од гувернерката на Народната банка и по престанок на функцијата неизвршен член на Советот на Народната банка.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.