Концертната сезона во Центарот за култура во Битола годинава започна со двата концерти на Камерниот оркестар за кои се бараат билети плус, а на 29 февруари сабота, од 20 часот ќе го означи концертот на познатиот новосадски женски квартет „Фрајле“.
Четирите дами Невена, Јелена, Марија и Наташа познати по нивната појава и музички стил кој се толкува како „Војводинско танго” во 11 години „музичко патување” го пропатувале половина свет со својата музикa. На листата на нивни настапи се бројат и оние на 10.000 метра во авион, во Европскиот парламент, но и редица бесплатни концерти во болници и детски градинки.
Сите оние кои барем еднаш одгледале нивни настап, знаат добро каква енергија и какво музичко доживување ги очекува.Овие четири вокално моќни, спонтани и шармантни дами, секогаш одново ја изненадуваат својата публика со стихови, ноти и емоции кои го допираат срцето и тоа трае од 2009 година.
Зад себе имаат неколку студиски албуми, а покрај одличните авторски песни, „Фрајле“ се исклучителни и во обработките.
Деновиве, својот концерт во Битола преку социјалните медиуми го најавија со симпатични видеа во кои ја пеат „Битола, мој роден крај“, а сите оние кои сакаат да ги слушнат четирите дами, во едно шоу, на 29 февруари можат да дојдат во Битола.
Картите ќе бидат пуштени во продажба од 19 февруари од 16 часот на билетарата во Центарот за култира во Битола.
ПРОМОТИВНА ОБЈАВА