еМагазин
Image default
Забава

Уште малку билети за детскиот и концертот за денот на вљубените „Бакнеж и танго“ на Македонска филхармонија

Македонска филхармонија информира дека речиси се распродадени билетите за престојните два концерти на оркестарот.

Првиот е „Штурецот и мравката“ наменет за најмладите кој ќе се одржи на 8 февруари (сабота) во 12 часот. Станува збор за уште еден, премиерен детски концерт кој Филхармонија го реализира во соработка со НЛБ. Диригент е Елена Митревска, аниматор е Мартин Јорданоски, а на програмата се дела од Монти, Пахелбел, Штраус, Бернштајн, Сен-Санс, Елгар, Моцарт.

Вториот концерт за кој се останати уште малку билети е љубовниот концерт „Бакнеж и танго“ кој ќе се одржи на 14 февруари (петок). Овој концерт е посветен на тангото – кое ќе биде презентирано во неговата автентична форма, но и преку фузија со музиката од Балканот.

Оваа фузија е препознатлив печат на квинтетот „Белтанго“ од Србија кој ќе настапи заедно со оркестарот на Филхармонија и диригентот Мириан Кукунаишвили од Грузија. На програмата се композиции од танго мајсторите Родригез, Скарпино, Гардел, Пјацола а ќе има и композиции од Дуке Бојаџиев и Горан Бреговиќ кои се напишани во духот на оваа музика.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Марина Абрамовиќ нападната во Италија

Редакција

(Фото) Шарлиз Терон секси и на 44 години

Редакција

(ВИДЕО) Мајк Тајсон ќе одгледува марихуана, со Пирс Морган во живо пушеа џоинт

Редакција