еМагазин
Image default
Македонија

Милошоски: Договор за нов Закон за ЈО можеби и ќе се постигнеше доколку Заев не беше токолу нервозен за „Рекет“

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски по средбата на лидерите на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и СДСМ, Зоран Заев се огласи на неговиот фејсбук-профил.

„Договор за нов Закон за обвинителство можеби и ќе се постигнеше доколку премиерот Заев не беше токолу нервозен во врска со предметот „Рекет“, што не може да прифати ниедно системско решение за висока корупција во кое друг професионален обвинител би имал увид во овој мега-скандал, освен владино-подобната обвинителка Вилма Рускоска.

Таквото однесување остава сомнеж дека хиерархијата на соучесници и организатори во „Рекет“ е многу повисоко во власта, од улогата која во овој криминал ја имала осомничената Катица Јанева“, пишува Милошоски на неговиот фејсбук-профил.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мицкоски: Заев дојде со план да не се постигне договор за да си го заштити криминалот

Заев разочаран од лидерската: „Груевизам“ до доцна во ноќта, ВМРО-ДПМНЕ бараше да го заташкаме криминалот

Заев и Мицкоски се договорија да не се договорат, судбината на СЈО останува да виси

Фото: Фејсбук/Милошоски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

И Здружението на информатичари не го бендиса новиот концепт за основно образование

Редакција

Починаа двајца пациенти од корона вирусот, вкупно 532

Редакција

21 случај на Ковид-19 од 3.219 тестирања, во Скопје осум

Редакција