еМагазин
Image default
Македонија

Минатата недела најголем раст на заболени од Ковид-19 има кај лицата од 10 до 19 години

Податоците на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) за периодот од 7 до 13 февруари покажуваат дека се регистрирани заболени лица од Ковид-19 во сите возрасни групи.

“Најзастапени се возрасните групи на лица на возраст над 60г (n=2.052, 23,8%) и 40-49г (n=1.629, 18,9%).

Најмал број е регистриран кај возрасната група од 0-9г (n=434; 5,0%).

Во однос на претходната недела, се забележи намалување на бројот на заболени кај возрасните групи над 20 години, со најзабележително намалување од 31,5% во возрасната група од 20-29г.

Во однос на претходната недела, се забележува зголемување кај возрасните групи од 0-9г и од 10-19г, за 39,5% и 47,6%, соодветно.

Во однос на дистрибуцијата по пол, пријавени се 4.711 (54,5%) лица од женски и 3.927 (45,5%) од машки пол“, стои во извештајот на ИЈЗ, кој еМагазин редовно го пренесува.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Минатата недела бројот на случаи на Ковид-19 се намалил за 13,4%

Минатата недела од Ковид-19 починале 124 лица од 23 градови

Минатата недела шест лица по третпат се заразиле со Ковид-19

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Механизмот на солидарност на ЕУ за вакцини дефинитивно ќе профункционира, вели Филипче

Редакција

Судење за несреќата кај Ласкарци: Сопственикот на „Дурмо Турс“ смета дека само возачот ја знае вистината

Редакција

Министерство за здравство: Најдовме трајно решение за проблемот со матичен лекар во Шуто Оризари

Редакција