еМагазин
Image default
Спорт ТОП СТОРИИ

Новак Ѓоковиќ не сака да се вакцинира, и по цена да ја заврши тениската кариера

Најдобриот тенисер на светот Новак Ѓоковиќ во интервју за Би-би-си изјави дека е подготвен да не биде најдобар на сите времиња, да не учествува на Вимблдон и Ролан Гарос, ако треба да се вакцинира.

„И натаму ја разгледувам можноста за вакцинација зошто сите заедно се обидуваме да најдеме решение за корона вирусот.

Никогаш не сум бил против вакцинација, сфаќам што се случува и се надевам дека ќе го победиме вирусот. Како дете сум вакциниран, но и сум за слобода на избор за секој,“ изјави меѓудругото Ѓоковиќ.

Тој во интервјуто се осврна и за причината поради која е депортиран од Австралија.

„Причината е таа што министерот за имиграција го искористи своето дискреционо право да ми ја поништи визата врз основа на перцепција дека би можел да создадам некое антиваксерско чувство во земјата или градот, со што не се сложувам во целост.

Ги разбирам последиците на мојата одлука. И бев спремен да не одам во Австралија. На повеќе турнири не можам да одам и тоа е цена која сум спремен да ја платам,“ додава Ѓоковиќ.

Фото: АТП

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Каква е улогата на хијалуронската киселина вo борбата против првите знаци на стареење на кожата

Редакција

Нови 609 случаи на Ковид-19, во Скопје 276

Редакција

Новороденче почина во битолската болница, министерот Меџити вели дека било родено со тахикардија и имало белодробно срцево осивување

Редакција