еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Денеска е меѓународен ден посветен на децата што се борат со рак: „Пееме за вас додека не држи глас“ пред Клиниката за детски болести

Денеска е Меѓународниот ден на децата кои се борат со канцер, и затоа Здружението Сано организира настан на кој традиционално се пее под прозорците на Детска клиника.

„Ве покануваме повторно да ги расположиме и распееме децата кои се лекуваат на Детската клиника во Скопје.

Од вас очекуваме да ја научите песната „Штом си среќен“, да ги истренирате гласните жица за пеење и да спремите дланки за ракоплескање иииии да пееме додека не држи глас!

Локацијата е добро позната Паркингот зад Детска клиника, во 19ч. Ве очекуваме!

Ве замолуваме да не заборавите дека се уште не демне вирусот Ковид-19, затоа ве замолуваме да носите маска и да држиме растојание,“ велат од Сано.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Сите детали: Завршен увидот, следува истрагата за уривањето на авионот на Солунска Глава

Редакција

Денеска дождливо време, на планините зголемување на снежната покривка

Редакција

Најстудено во Берово, најмногу снег во Маврови Анови

Редакција