еМагазин
Image default
Бизнис

Минатата година 125 несреќи на работа, 25 со фатални последици: Починатите се мажи од 45 до 54 години

Дваесет и пет лица починале на работното место изминатата година, а вкупно се случиле 125 несреќи на работа, покажува најновиот извештај на Македонското здружение за заштита при работа, кое секоја година се објавува по повод Светскиот ден за заштита и безбедност при работа.

Стапката на смртни случаи при работа во земјава изнесува 3,14 односно на секои 100.000 вработени, загинуваат 3 до 4 вработени. Таа е скоро иста како стапката во 2019 година.

Според претседателот на Здружението Милан Петковски, има епидемија на смртност на работните места ако на овие бројки се дојдат и податоците за бројот на несреќи на работни места од Институтот за јавно здравје и Трудовиот инспекторат.

„Ако 30 здравствени работници починале како последица на Ковид-19 и ако ги додадеме и 3.493 заболени, тогаш навистина имаме епидемија, која не е само Ковид-19, туку епидемија на работните места“, рече Петковски.

Во 25-те случаи на починати кои ги евидентира Здружението, сите биле мажи на возраст од 45 до 54 години.

Земјоделството е сектор каде има најмногу повреди на работното место, по што следува градежништвото и преработувачката индустрија. Петок е денот кога имало најмногу несреќи на работа, а од месеците се издвојуваат април и јули.

Во изминативе десетина години откако здружението води статистика за бројот на повреди и несреќи на работа евидентирани се над 400 луѓе кои што загинале на работните места.

Петковски како проблеми ги посочи немањето на единствена статистика за несреќите на работа и дека се мали казни за работодавачите кои не обезбедуваат услови за безбедна работа.

Македонското здружение за заштита при работа неодамна заедно со синдикатите побара Ковид-19 да се прогласи како професионално заболување за сите работници, за што поднесе и претставка до Уставниот суд.

По повод Светскиот ден за безбедност и здравје при работа, денеска беа засадени 25 дрвца, колку што се загинати работници на работното место во текот на 2020 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Синдикатот бара Ковид-19 да се признае како професионално заболување за сите работници

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Интернационални киоск системи“ го доби тендерот на ЈП „Паркинзи на општина Центар“ за набавка на пластикомати вреден 115.000 евра

Редакција

(Фото) Илија Гечев, единствен милијардер од Македонија на листата на српскиот магазин „Недељник“

Редакција

Живко Мукаетов купи акции во Алкалоид

Редакција