еМагазин
Image default
Македонија

177 лица до 19 години за една недела се заразиле со Ковид-19

Податоците на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) за периодот од 19 до 25 април покажуваат дека се регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи.

„Најзастапена е возрасната група на лица на возраст над 60 (n=1.226, 35,6%).

Голем број на заболени се регистрира и кај лицата во возрасните групи од 50-59 (n=640;18,6%), 40-49 (n=601;17,5%), 30-39 (n=525;15,2%) и 20-29 (n=274; 8,0%).

Најмал број е регистриран кај децата од 0-9 (n=57; 1,7%) и 10-19 години (n=120; 3,5%).

Се забележува намалување кај сите возрасни групи во споредба со минатата недела.

Во однос на дистрибуцијата по пол, пријавени се 1.752 (50,8%) лица од женски и 1.691 (49,2%) од машки пол.

Подобиени 2 негативни теста за присуство на SARS-CoV-2 или со употреба на новиот алгоритам, со статус “оздравени” се стекнале 6.122 лица кои биле хоспитализирани или на домашно лекување, со зголемување од 3,4% во споредба со минатата недела“, стои во извештајот на ИЈЗ, кој еМагазин редовно го пренесува.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Намалување од 33,8%: За една недела 3.443 нови случаи на Ковид-19

22 лица биле на возраст од 40 до 59 години: За една недела 211 смртни случаи од Ковид-19

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Потпретседателката на Меѓународниот сојуз на Боки 13, Јасна Мандиќ на распит кај Русковска

Редакција

Нови 906 случаи на Ковид-19, 26 починати и 343 оздравени пациенти

Редакција

Тони Трајковски не дојде на судењето за „Космос“ бидејќи бил нападнат: Судијата бара полицијата да го доведе

Редакција