еМагазин
Image default
Македонија

Вицепремиерот Николовски: Стојко Пауновски е разрешен согласно законот и кодексот, в.д. директор на ДПИ наредните денови

Разрешувањето на Стојко Пауновски е согласно законот и кодексот за етичко однесување за членовите на Владата и носителите на јавни функции, соопшти денеска вицепремиерот за борба против корупцијата, Љупчо Николовски.

Според Николовски, во следните денови ќе се назначи в.д. директор на Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) со цел негово непречено функционирање и дејствување. Засега, се уште не е одлучено кој ќе дојде на местото на Пауновски.

„Постапено е согласно закон и согласно кодексот. Прекршени се членовите 4 и 6. Кодексот не може да важи за еден, а за друг да не важи.

Како што во 20-на други случаи е постапено од наша страна, се констатира прекршување на кодексот и од страна на Кабинетот е доставено писмено известување до премиерот, согласно процедурата дефинирана во кодексот, со сите опции кои ги дефинира членот 23 во случај на прекршување.

Од страна на премиерот беше предложено на Влада да се покрене постапка за разрешување согласно член 10 од Законот за Државниот пазарен инспекторат. По тоа е постапено и во следните неколку денови ќе се назначи в.д. директор за да може особено сега во овој период кога се очекува олабавување на мерките, Пазарниот инспекторат да функционира непречено.

Моментно нема нов в.д. директор. Во наредните денови ќе видиме кога ќе има седница на Влада, ќе биде предложен нов в.д. директор и кога ќе биде именуван веднаш ќе ја информираме јавноста“, објасни Николовски.

Николовски потенцира дека Владата, согласно Информацијата за јакнење на капацитетите на сите инспекторати донесена на 43 седница, на ДПИ му дал 22 согласности за вработувања инспектори во Скопје, Струмица, Штип, Берово, Делчево, Крива Паланка, Битола и Прилеп.

„Се гордееме што направивме длабинска анализа со измените во законодавството, во делот на контролата и санкциите, но и што навремено, пред кој било друг и пред што било друго, на Пазарниот инспекторат сме му дале 22 согласности, токму за јакнење на капацитетите.

Тоа ќе продолжиме да го правиме со сите инспекторати, нема да скршнеме од определбата за нивно јакнење“, подвлече Николовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Уште еднаш се докажа дека рамковните се недопирливи“: Твитер реакции за разрешувањето на Стојко Пауновски

Каков имот пријавил разрешениот директор на Државниот пазарен инспекторат, Стојко Пауновски

Стојко Пауновски се заблагодари за поддршката на „пркосот“: Сакав да ја одбранам професионалноста, премиерот немаше разбирање

„Простете им, не знаат што прават“, вели Пауновски, кој по разрешувањето се враќа во УЈП во Тетово

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Села го пречека Алими, кој излезе од од затвор каде одлежа шест години за настаните од 27 април

Редакција

28% од граѓаните над 70 години имаат примено барем една доза вакцина

Редакција

ДУИ за насилничкото однесување на нивниот пратеник Адеми ги обвини ВМРО-ДПМНЕ и Алијанса за Албанците

Редакција