Во март следната година ќе има ново покачување на минималната плата на 22.500 денари, а истото на Фејсбук го потврди министерот за економија Крешник Бектеши.
Минималната плата моментално изнесува 20.175 денари.
Зголемувањето на платата произлегува од измените на Законот за минимална плата, донесени во март лани, со кои се воспостави нова методологија: минималната плата се усогласува согласно податоците од Државниот завод за статистика, и тоа 50% од порастот на трошоците за живот и 50% од порастот на просечната плата од измината година.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.