еМагазин
Image default
БЕСПАРИЦА ТОП СТОРИИ

Минималната синдикална кошничка во јануари пораснала за 770 денари

Минималната синдикална кошничка за јануари годинава изнесува 35.811 денари и е зголемена за 770 денари во споредба со декември 2021 година, информира Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ).

Во Синдикалната кошничка најголемо учество од 15.317,93 денари или 42,77 отсто имаат исхраната и пијалаците, со 11.447,24 денари, односно 31,97 отсто учествува домувањето, хигиената е застапена со 6,74 отсто или 2.415,09 денари, превозот со 2.652,27 денари, односно 7,41 отсто, облека и обувки со 2.165,27 денари или 6,05 отсто, култура 1.067,86 или 2,98 отсто и одржување на здравје со 745,34 денари, поточно 2,08 отсто.

Овие бројки според ССМ покажуваат дека е оправдано нивното барање за зголемување на минималната плата на 18.000 денари и скалесто на сите останати плати.

-Најголем пораст на индексите на трошоците на животот е забележан  кај централното греење за домаќинствата за 14 отсто, електричната енергија за домаќинствата за 9,4 отсто,…

Исто така, пораст на индексите на трошоците на животот во јануари 2022 година, во споредба со претходниот месец, е забележан кај кафето, чајот, какаото за 4.3 отсто, рибата за 3,5, свежото и разладеното овошје за 3,4, прехранбените производи, неспоменати на друго место за 2,5 отсто,…, велат од ССМ.

Синдикалната кошничка ги определува минималните трошоци за живот на едно четиричлено семејство на месечно ниво.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Нов раст на трошоците за живот и цените на мало во јануари

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Данска по трет пат светски првак во ракомет

Редакција

Од Ковид-19 починале 8 лица, сите со коморбидитети

Редакција

Од Ковид-19 починаа 25 лица, најмладиот пациент на 27 години

Редакција