еМагазин
Image default
Македонија

Министерот Бујар Османи на нова турнеја во Берлин, Копенхаген и Стокхолм ќе бара забрзување на евроинтеграциите

Шефот на дипломатијата Бујар Османи, од утре започнува нова европска турнеја во неколку значајни европски метрополи – Берлин, Копенхаген и Стокхолм, како дел од пошироката дипломатска активност за актуелизација на европското досие на земјава пред земјите-членки на ЕУ.

Од утре, како што соопшти МНР, Османи е во посета на Сојузна Република Германија на средби со министерот за надворешни работи, Хајко Мас, како и државниот министер надлежен за Европа Михаел Рот.

Во рамките на оваа посета, Османи ќе оствари средби и со Уве Корсепиус, советник за ЕУ на канцеларката Ангела Меркел, како и со повеќе претставници на политичките групации и комисии во рамките на посетата на германскиот Бундестаг.

Од Берлин Османи во вторник заминува за Копенхаген, на средба со својот колега и домаќин, министерот за надворешни работи на Данска, Јепе Кофод.

Дипломатската турнеја на Османи продолжува со работната посета на Стокхолм, в среда, каде ќе биде примен од својот домаќин, министерката за надворешни работи на Шведска, Ан Линде.

Во Стокхолм Османи е предвидено да оствари посета и на шведскиот Парламент – Риксдаг, каде ќе оствари средби со потпретседателките на Парламентот, Лота Форнаве и Кирстен Лундгрен. Во агендата на министерот во рамките на посетата на Шведска се и средбите со Ана Сандстром, советничка за ЕУ на премиерот, Ловен, како и со државната секретарка задолжена за европски прашања, Паула Оловсон.

Дипломатската турнеја на Османи се одвива во период на засилената дипломатска активност, а во контекст на европските интеграции.

Покрај билатералните односи, централни теми на средбите ќе биде европското досие на земјава, и обезбедување поддршка со јасна цел имплементација на одлуката за почеток на преговорите од страна на Советот на ЕУ од март минатата година, преку усвојување на преговарачката рамка и одржување на првата Меѓувладина конференција.

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Вандализам и криминал не се европски вредности“: Пендаровски го осуди каменувањето на клубот во Благоевград

Редакција

Тимотеј: Очекуваме СПЦ до крајот на месецот да испрати барање до Цариград за автокефален статус на МПЦ-ОА

Редакција

Од Ковид-19 во Гостивар починаа две лица, 68 пациенти на кислородна подршка

Редакција