еМагазин
Image default
Македонија

Министерот Хоџа ќе постапи по укажувањата на Антикорупциска, тврди Заев

Премиерот Зоран Заев изјави дека добил потврда од министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Аријанит Хоџа дека тој има намера да постапи согласно укажувањата на Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК) во однос на управувањето со неговата семејна фирма.

-Арјанит Хоџа ме информираше во петокот на пат кон Богданци дека има намера да постапи по укажувањето. Ние секогаш сакаме согласно сите укажувања на ДКСК да постапиме.

Тој испрати апел до мене како претседател на Влада, Владата веднаш да постапи по укажувањето, испорачавме соодветно на законот и согласно тоа и тој лично да си постапи по укажувањето, односно ако се сеќавам после неговото назначување на функцијата министер, сопругата ја има ставено да биде управител на нивната семејна фирма каде што по законот вика близок член на семејството е недозволиво, значи мора да стави друг управител.

Ме информира дека тој лично ќе постапи, а секако испрати апел и до мене како претседател на Владата и Владата да постапи согласно укажувањата на ДКСК, изјави Заев.

Антикорупциската комисија отвори постапка против Хоџа, бидејќи во неговата семејна фирма по стапувањето на функциите, поставил блиско лице, односно сопругата да управува со компанијата, со што го прекршил законот кој тоа го забранува.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Антикорупциска со прекршочна за новиот директор на МЕПСО, Рамадани, бара мерки и за министерот Хоџа

МИА/Фото: Фејсбук/Хоџа

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Одложено судењето за ТНТ, нарушена здравствената состојба на обвинета во случајот

Редакција

Од Ковид-19 починаа 3 лица, вкупниот број е 5.458

Редакција

Цела Македонија останува во фаза 4, на широко-распространета трансмисија на Ковид-19

Редакција