Гласањето недоверба на Владата на Бугарија е нов момент, францускиот предлог да се разгледа внимателно, изјави министерот за правда, Никола Тупанчески.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Што следи по паѓањето на владата на Петков, која е процедурата
Зборувајќи во однос на гласањето недоверба на бугарската Влада, во гостување на телевизија Алфа, Тупанчески рече дека е потребно да почекаме како ќе се развиваат работите.
– Факт е дека нашата држава се покажа кооперативна за постигнување на повисоки цели, меѓутоа факт е дека во неколку наврати изостана она што беше ветено, дали тоа ќе има поширока рефлексија, импликација во однос на досегашните условно речено случувања што беа меѓу нашата држава и европските партнери и т.н, ќе видиме како ќе биде.
Ова е нов момент, да почекаме како ќе се развиваат работите, информацијата само што беше пласирана дека е изгласана недовреба во Бугарија, да не ги врзуваме директно двата сегменти, едниот сегмент беше Преспанскиот договор, и ова е вториот сегмент, сето тоа е во постигнување на повисоки цели, изјави Тупанчевски.
Во однос на францускиот предлог, Тупанчески смета дека билатералните односи не би требало да станат дел од преговарачката рамка.
– Да не дозволиме да се направи грешка која во иднина не може да се корегира. Добро ќе биде, какво и да е решението, да го помине собранискиот филтер. Да не се влезе во некоја интрига, да не биде ова договор со ѓаволот. Треба да се пријде со сериозна доза на внимателност, порача Тупанчески.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ковачевски за францускиот предлог: Еве кои елементи од него се клучни, за да биде прифатлив за нас
Цар Самоил станува „бугарски“: БГНЕС го објави целиот нацрт-текст на францускиот предлог
МИА/Фото: Тупанчески/Фејсбук