еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Министерот за култура Адеми поднесе оставка поради здравствени причини

Министерот за култура, Асаф Адеми, денеска објави дека се повлекува од функцијата поради здравствени причини.

Премиерот Зоран Заев изјави дека ја очекувал оставката од Адеми.

– Тој ја најавуваше оставката повеќе од шест месеци и има здравствени проблеми. Сакаше да ја поднесе оставката уште пред Програмата за култура, но знаете дека имаше дилема дали ќе се оди на претседателски заедно со парламентарни избори, па потоа се одлучивме на претседателски. Молбата од мене како мандатор и премиер беше да се почека, да поминат изборите, изјави Заев во Владата.

Премиерот додаде дека има разбирање за здравствената состојба на Адеми и за неговиот личен однос по ова прашање.

– Тој утрово ме информираше за деталите. Денеска знам дека има закажано прес-конференција и потоа ќе пиеме заедно кафе. Верувам дека во неговиот иден живот ќе можеме повторно да соработуваме, но ова е само уште едно испразнето место кое ќе биде дел на новата реконструкција, истакна Заев.

Тој изрази благодарност до Асаф Адеми за неговиот ангажман во културата.

Одговарајќи на новинарско прашање, рече дека тој лично размислува за новиот министер за култура и додаде оти се уште не е подготвен да соопштува имиња.

МИА/Фејсбук/Адеми

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Собраниската Комисија за избори и именувања предложи директори во неколку испразнети институции

Редакција

Агенцијата „Декра Арбеит“ го доби тендерот на општина Куманово за привремени вработувања „тежок“ 82.000 евра

Редакција

„Еуролинк“ го доби тендерот за осигурување на владиниот авион „Лирџет“, екипажот и патниците вреден 24.000 евра

Редакција