еМагазин
Image default
Македонија

Министрите за надворешни на Австрија, Чешка и Словачка денеска во Скопје

Тројцата министри во „Славков“ или „Аустерлиц“ формат: министерот за надворешни работи на Австрија, Александер Шаленберг, министерот за надворешни работи на Чешка, Јан Липавски и министерот за надворешни работи на Словачка, Мирослав Влаховски денеска ќе престојуваат во посета на Македонија.

Како што соопшти Министерството за надворешни работи (МНР), тројцата шефови на дипломатии се ополномоштени од високиот претставник за надворешни работи на Европската унија, Жосеп Борел за да ги пренесат официјалните ставови на ЕУ по однос на прашањата поврзани со нашето европристапно досие.

Од Делегацијата на Европската унија соопштија дека министрите ќе се сретнат со претседателот Стево Пендаровски, министерот за надворешни работи Бујар Османи, претседателот на Собранието Талат Џафери, лидерите на политичките партии и пратениците во Собранието.

– Северна Македонија е еден од најблиските партнери на Европската Унија на Западен Балкан, во целост усогласена со заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ. Во контекст на актуелните геополитички предизвици, заедничката посета ќе биде можност да потсетиме дека сите политички актери треба да се ангажираат да ја придвижат земјата напред на нејзиниот пат кон ЕУ што е желба на огромното мнозинство граѓани на Северна Македонија, се вели во соопштението.

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Мијалков и Тачи со помали казни за „Титаник 2“, сите обвинети добија по две години затвор

Редакција

Пировска за Законот за амнестија: „Ќе си лежите! Кој ќе лежи? Типот што украде ќебапчиња! Јустиција не живее во Македонија“

Редакција

„Метлата“ ќе биде заокружена до крајот на јули

Редакција