еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Митрополит Европски Пимен: Кога се канонизира некој човек за светител на Црквата Божја, тој се прогласува за жител на Небесата, а не на некоја земја земна

Митрополит Европски Пимен на неговиот Фејсбук-профил реагираше на изјавата на бугарскиот професор Пламен Павлов од универзитетот во Велико Трново, кој смета дека чинот на канонизација за светител на Кирил Лешочки од страна на Македонската православна црка е богохулење, крадење на историјата, апсолутно кршење на билатералниот протокол меѓу Бугарија и Македонија и невидена злоупотреба на историјата.

„Кога се канонизира некој човек за светител на Црквата Божја, тој се прогласува за жител на Небесата, а не на некоја земја земна.

И тоа го знае секој човек кој барем грам вера има повеќе отколку национално слепило.

А сепак ете за жал, некој професор од Бугарија реагира на тоа дека канонизација било крадење историја и со тоа покажува дека е далеку од верата, а блиску до национализмот. И дека за него нема ништо свето, во случајов дури ни Лешочкиот светител.

А свети Кирил Лешочки е нашиот нов светија и на целата Црква православна.

Затоа, поклонувајќи се пред неговите свети мошти, да повикаме:

Свети Кириле Лешочки, прости ни што радоста на Небесата ти ја расипуваме со нашите земни и тесногради размислувања и препукувања.

И моли се за сите нас, па какви и да сме, та да бидеме подобри,“ пишува отец Пимен.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кирил Пејчиновиќ канонизиран во светител

Фото: Фејсбук/Пимен

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Во пожар на стариот полигон под Кале изгореа пет автомобили

Редакција

Косоварите низ Македонија транзитираат без ПЦР тест за Ковид-19

Редакција

Шефот на „алфите“ со службено возило на викенд во Охрид

Редакција