еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

„Кемет електроникс“ отвори втора фабрика во ТИРЗ Скопје 1, нови 360 работни места

Вториот капацитет на американската компанија „Кемет електроникс“, инвестиција од 25 милиони евра во која ќе се вработат нови 360 лица денеска свечено е отворен во технолошко индустриската развојна зона – ТИРЗ Скопје 1.

-Одлуката на компанијата да го прошири производството тука е потврда за добрите економски политики кои ги води Владата и политиките што ги имаме за зголемување на платите на вработените, рече премиерот Димитар Ковачевски на отворањето на фабриката.

Тој додаде дека верува оти наскоро во Скопје ќе има трета фабрика на „Кемет електроникс“ и вети дека како Влада ќе направат се за да се отвори таков капацитет.

Андреас Мајер, потпретседателот на „Кемет електроникс“ истакна дека во новиот капацитет ќе се произведуваат кондензатори за електрични возила. Веќе е ставена во функција една линија за производство, а наскоро, како што рече, ќе бидат отворени уште две производствени линии.

Со отворањето на новиот дел за 50 отсто е зголемен капацитетот на постојната фабрика, а како што најави Мајер, се планира во скоро време дополнително да се прошират капацитетите на „Кемет електроникс“ во ТИРЗ Скопје 1.

Директорот на ТИРЗ, Јован Деспотовски посочи дека со новиот капацитет двојно ќе се зголеми бројот на вработени во Кемет електроникс и додаде дека од почетокот на годинава во ТИРЗ се вработени речиси 1.600 нови вработени.

Потенцира дека два пати годинава веќе се зголемени платите на вработените во ТИРЗ и најави дека ќе продолжат да инсистираат на зголемување на платите на вработените во технолошката зона.

Групацијата во чиј составен дел е и „Кемет електроникс“ годишно има приход од 4,8 милијарди долари во 49-те фабрики, 47 канцеларии за продажба и 20 развојни бироа во Северна и Јужна Америка, Азија и Европа во кои работат 45 000 вработени.

Произведува електронски компоненти за најпознатите светски компании.

„Кемет електроникс“ својот прв капаците во земјава го пушти во употреба пред 10 години исто така во ТИРЗ Скопје 1.

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

За Комитетот на министри на Советот на Европа во Македонија нема системска дискриминација на Бугарите

Редакција

Уставен суд не донесе одлука за Законот за матична евиденција, предметот останува отворен

Редакција

(ВИДЕО) Со Груевски во Будимпешта ручал вработен во Царинската управа

Редакција