На 02.01.2020 во 05.45 часот во Полициска станица Кавадраци било пријавено дека во Општа болница Кавадарци бил донесен Ѓ.Ј.(18) од Кавадарци, со убодна рана, информира МВР.
По првичните информации Ѓ.Ј. со повредата се здобил при прослава на Новогодишните празници во стан на ул. „Вељко Влаховиќ“ во Кавадарци. Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициска станица Кавадарци. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.