еМагазин
Image default
Бизнис

ММФ очекува пад на економијата од 5.5% оваа година

Наместо првично очекуваниот пад на бруто домашниот производ од 4%, ММФ прогнозира дека рецесијата на македонската економија оваа година ќе достигне и до 5,5%. Ова го најави претставничката на ММФ за Западен Балкан, Стефани Ебле во интервју за неделникот „Капитал“.

„Очекуваме по ваквото намалување да следи силно закрепнување во 2021 година. Сепак, неизвесноста во врска со прогнозата е невообичаено голема, затоа што се потпира на фактори поврзани со јавното здравје и на економски фактори кои се без преседан и во основа е тешко да се предвидат“, вели Ебле.

Таа во интервјуто се осврнува и на затворањето на Еуростандард банка, при што нагласува дека одлуката за одземање на дозволата на оваа банка е со цел да се заштитат интересите на депонентите, како и стабилноста на банкарскиот систем.

„НБРСМ е независна институција којашто има законски мандат да придонесува кон одржување на финансиската стабилност и да ги штити интересите на депонентите. Согласно со најдобрите меѓународни практики, обврските и овластувањата на НБРСМ вклучуваат одземање на дозволата на банка кога таа повеќе не ги исполнува условите за да ја задржи дозволата“, децидна е Ебле.

„Затворањето на Еуростандард банка исто така јасно покажува дека, кога тоа е потребно, НБРСМ е подготвена да преземе навремени корективни супервизорски активности за да се обезбеди целокупната стабилност на финансискиот систем, што е охрабрувачки“, децидна е Ебле, повикувајќи се на последните податоци кои покажуваат дека банкарскиот сектор е добро капитализиран и профитабилен, при што адекватноста на капиталот на крајот од јуни оваа година изнесувал 17%, а нефункционалните кредити продолжиле да се намалуваат и се на релативно ниско ниво од 4,5% од вкупните кредити.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Пензионерите ќе добијат повисоки пензии за 6,8%

Редакција

Лихва или добро работење: Македонските банки подобри од европските

Редакција

Душан Начевски не е повеќе акционер во РЖ Техничка контрола

Редакција