еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Многу поблиску сме до решение со Србија за природен гас за нашата гасна централа, тврди Ковачевски

Премиерот Димитар Ковачевски денеска во Белград изјави дека сме многу поблиску до решение од она што бевме на почетокот во преговорите со Србија да се искористат нејзините вишоци на природен гас за нашата гасна централа за производство на електрична енергија.

– На тој начин нашата индустрија ќе добие пониска енергија од онаа што ја добива на берзите, а Србија ќе може да ги надомести своите недостатоци за електрична енергија особено во јужниот дел од земјата. Многу пати не прашуваа дали имаме решение за тоа.

Нашите тимови не престанаа да работат и мислам дека во моментот сме многу поблиску до решение од она што бевме на почетокот, рече Ковачевски на крајот од своето обраќање на заедничката прес-конференција со лидерите на Западен Балкан.

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Владата го менува законот за финансиска дисциплина: Нови правила за доцнење во исплатата

Редакција

Направени 908 тестови на вработени во градинките, само еден позитивен на корона вирусот

Редакција

Нема договор меѓу ЕУ и „AстраЗенека“ за одложената испорака на вакцини против Ковид-19

Редакција