еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

МНР нема да испрати протесна нота за демолирањето на македонскиот клуб во Благоевград

Македонија нема да испрати протесна нота до Бугарија за демолирањето на македонскиот културен клуб “Никола Вапцаров“ во Благоевград, изјави мистерот за надворешни работи Бујар Османи.

„Време е да ставиме црта на пинг-понг дискусијата со Бугарија“, одговори Османи на новинарско прашање дали македонското Министерство за надворешни работи ќе реагира на овој вандалски чин.

„Да оставиме дипломатијата да си ја врши работата. Да ги исклучиме граѓаните од овие непотребни и вештачки кризи кои се создаваат на сметка на внатрешни динамики во едната или другата држава.

Така што, барам разбирање, да ја вратиме позитивната агенда и мирот помеѓу граѓаните од двете држави и да разговараме за иднината“, изјави Османи.

Според него доколку се продолжи со ваквата динамика на комуникација, Македонија само ќе биде вовлечена во “вртлогот на нестабилното политичко општество и целокупниот изборен циклус во Бугарија“.

Тој порача дека Македонија не смееме да потклекне на било какви провокации и предизвици, особено не во еден ваков клучен период за нашата земја, која е во процес за отворање на преговорите со ЕУ.

„Ние не смееме да потклекнеме на таквите провокации и предизвици. Имаме скрининг којшто е во тек, имаме реформи коишто треба да ги спроведуваме и да ги оставиме граѓаните, да ги изолираме и да ги поштедиме од овој немир“, рече Османи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Фотографии од демолираниот македонски клуб во Благоевград, ОМО Илинден Пирин бара истрага од бугарските власти

“Каменувањето на македонскиот клуб во Благоевград е чин на вандализам“, Ковачевски очекува бугарските власти да ги пронајдат сторителите

„Вандализам и криминал не се европски вредности“: Пендаровски го осуди каменувањето на клубот во Благоевград

Фото: МНР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Мемеди му се налути на Заев, најави оставка од функцијата потпретседател на Собранието и од пратеник

Редакција

И Локвенец потклекна под притисок на јавноста, ќе го следел примерот на Анѓушев

Редакција

(Видео+фото) Меѓу нив и 5 службеници на МВР: Приведени 18 лица за криумчарење луксузни автомобили

Редакција