еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

МНР: Потегот на Русија е неоснован и негативно ќе се одрази на односите

Вршителот на работите во Амбасадата на Република Северна Македонија во Москва, Оливера Чаушевска Димовска беше повикана во Министерството за надворешни работи на Руската Федерација, каде и беше врачена Нота за прогласување персона нон грата на наш дипломат – втор секретар.

Како што соопшти МНР, одлуката на руското Министерство за надворешни работи, за протерување на дипломатот, кој неодамна беше делегиран во Руската Федерација, преставува возвратна политичка одлука без никаков мериторен основ.

– За претходното протерување на рускиот дипломат од Северна Македонија беа доставени евидентирани докази за негово дејствување во спротивност на Виенската конвенција за дипломатски односи.

Оттука, денешниот потег на руската страна е во целост неоснован и негативно ќе се одрази на обидите за унапредување на односите меѓу двете земји, стои во соопштението на МНР.

Министерството додава дека во Амбасадата во Москва останува да ги извршува своите обврски вршителот на работите, а наскоро ќе биде упатен и новиот амбасадор акредитиран за Руската Федерација, кој ги помина сите чекори за упатување.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Русија протера уште еден македонски дипломат како одговор на протерувањето на рускиот во август

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Државна ревизија: За ублажување на последиците од здравствената и енергетската криза исплатени 183 милиони евра

Редакција

Кадровски промени во ВМРО-ДПМНЕ: Кои се новите претседатели на партиските комисии

Редакција

Катица Јанева ќе даде завршни зборови во „Рекет”

Редакција