Во првите девет месеци од годината Мода АД Свети Николе оствари загуба од 13.344.553 денари, соопшти Друштвото преку Македонската берза.
Во овој период остварен е извоз од 2.562.214 евра, кој е зголемен за 24%, споредено со истиот период во 2022 година, велат од таму.
Расходите во овој период се повисоки за 34%, споредено со истиот период лани.
-Главното зголемување на трошоците е за плати, кое е поголемо за 29% од минатогодишните и вратената финансиска помош за февруари и март 2021 година.
По решение на УЈП, Мода ја врати целокупната добиена финансиска помош за март 2021 година во износ од 6.636.172 денари и исплати казнена камата од 1.409.523 денари.
За февруари врати 50% од исплатената финансиска помош или 3.331.619 денари.
Бидејќи Мода смета дека Решението на УЈП за март е незаконито поднесе тужба до Управниот суд и ако го добие спорот ќе добие назад 3.318.086 денари за помошта и 1.409.523 денари за исплатената казнена камата, велат од таму.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
„Мода„ од Свети Николе во првото полугодие со добивка
Мода од Свети Николе ги објави примањата на Одборот на директори