еМагазин
Image default
Свет

Момчињата од пештера во Тајланд спасувањето го нарекоа чудо

Дванаесет момчиња и нивниот тренер по фудбал, кои беа блокирани во поплавена пештера во северниот дел од Тајланд, првпат се појавија во јавност откако беа спасени.Беа облечени во бело-зелени фудбалски дресови и играа со фудбалска топка додека одеа кон подиумот од каде се пренесува во живо прес конференција од Чианг Рај.

Медиумскиот настан е организиран една недела по драматичното спасување на момчињата. На прес конференцијата сите момчиња се претставија едно по едно.По спасувањето младите фудбалери и тренерот минаа една недела во болница во Чианг Рај на околу 60 километри јужно од пештерата Там Луанг-Хун Нам Нанг Нон долга 10 километри.

Младите беа принудени да поминат повеќе од две недели во пештерата откако отишле во неа да ја разгледаат по тренинг на 23 јуни по што надојдена вода им го блокираше излезот.

– Тоа е чудо, изјави 14-годишниот Адул Сан-Он кој одговори на англиски на британските нуркачи кои ги открија по девет дена без никаков контакт со надворшениот свет.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Путин: Немавме друг избор, невозможно беше да се толерира геноцидот во Донбас, кој траеше 8 години

Редакција

60 тужби за „Лореал“ во кои се тврди дека производи на компанијата предизвикуваат рак и други здравствени проблеми

Редакција

Шведскиот премиер побара помош од војската за справување со пресметките помеѓу криминалните банди

Редакција