еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

МОН ќе ја брише ДУИ од учебникот по албански јазик за петто одделение

Во однос одредени забелешки пренесени од страна на медиумите за учебникот по албански јазик за 5-то одделение, Министерството за образование и наука (МОН)  ја информира јавноста дека процесот на одобрување на еден учебник го води Националната комисија за учебници и на истиот во никој случај и од ниеден аспект не влијаат раководните структури на министерството, ниту пак било кои политички чинители, велат од МОН.

-Со оглед на тоа дека образованието, а воедно и целокупниот воспитно-образовен процес се политички неутрални и надвор од дневните партиски политики, а со цел избегнување на инволвираност на одредена политичка партија или структура во учебниците, МОН апелира до авторот на посочениот учебник и Педагошката служба, да постапат согласно Законот за учебници.

Членот 14 во законското решение децидно уредува во случај ако се констатира дека во одобрен учебник се потребни одредени исправки или дополнувања, а истите не претставуваат повеќе од 30% од содржината на учебникот, Педагошката служба треба да достави барање до издавачот, односно авторот да предложат исправка или дополнување во текстот на учебникот во рок од 30 дена од денот на добивање на барањето. Барање за дополнување или исправка може да поднесе и самиот автор или издавач.

Веднаш по постапувањето на авторот и Педагошката служба, Министерството за образование и наука во комуникација со економскиот оператор кој е избран да ги испечати учебниците за учениците од основното образование, во најкус временски рок и без дополнителни трошоци по буџетот, ќе изврши корекција на увидените пропусти и грешки, велат од таму.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Твитер реакции за влегувањето на ДУИ во учебник по албански јазик, како пример за кратенка

(Фото) ДУИ како пример за кратенка во учебник по албански јазик за петто одделение

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во Израел откриен непознат сој на коронавирусот

Редакција

(Видео) Прекрасна приказна за животот на монасите од Бигорскиот манастир

Редакција

Дури тројца судии биле изземени додека судот одлучи на Зијадин Села да му ги даде печатите на АА

Редакција