еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

Москва демантира: Путин нема двојник за јавни настапи

Кремљ ги отфрли сугестиите дека рускиот претседател Владимир Путин има двојник за јавни настапи.

– Веројатно сте слушнале дека Путин наводно има многу двојници кои работат за него додека тој седи во бункер. Тоа е уште една лага, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков пред младите на едукативен настан во Москва.

– Гледате каков претседател имаме. Беше и е мегаактивен. Ние што работиме со него тешко можеме да го следиме, рече Песков.

Неговите зборови уследија по повторените сугестии дека Путин всушност е претставуван од некој што се појавува на негово место во јавноста.

Последните обвинувања се појавија откако беше објавено дека Путин отпатувал во Украина за да ги посети воените зони под руска окупација.

– Тоа не беше вистинскиот Путин, рече минатата недела Олексеј Данилов, секретар на Советот за национална безбедност на Украина. Тогаш Кремљ го отфрли неговото тврдење.

Нема докази дека двојник се појавува на официјалните средби на Путин.

МИА/Фото: Кабинет на Путин

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нападнат Салман Ружди: Британскиот писател е на респиратор, црниот дроб му е избоден и можно е да го изгуби едното око

Редакција

Европската ракометна федерација го суспендира Драган Начевски, поради наводна вмешаност во местење натпревари

Редакција

Нема починати од Ковид-19 во изминатите 24 часа, дополнително пријавено едно лице

Редакција