Министерството за одбрана на Русија издаде соопштение во кое остро негира каква било вмешаност во експлозијата во Полска, во која загинаа две лица.
„Фотографиите од остатоците пронајдени во градот Пржеводов, кои циркулирани синоќа во Полска, беа недвосмислено идентификувани од руските воени специјалисти како елементи на противвоздушната наведувана ракета С-300 на украинската армија“, соопшти руското Министерство за одбрана, пренесува ТАСС.
Министерството денеска соопшти дека вчерашните руски ракетни напади врз Украина биле насочени кон цели лоцирани на најмалку 35 километри од полската граница.
– Сакаме да нагласиме дека ракетните напади беа извршени само на територијата на Украина и на оддалеченост не поблиску од 35 километри од полско-украинската граница, изјави портпаролот на Министерството за одбрана, генерал-полковник Игор Конашенков.
– Изјавите на различни украински извори и странски претставници за наводни „руски проектили“ кои паднале во населбата Пжеводув се намерна провокација со цел ескалација на ситуацијата, рече тој.
– На 15 ноември, руските вооружени сили извршија масивни воздушни и морски напади со прецизно оружје со долг дострел против воениот контролен систем на Украина и соодветните енергетски објекти, рече Конашенков, додавајќи дека вчера не биле гаѓани цели во Киев.
Руските тврдења не можат да бидат проверени од независни извори.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Експлозијата во Полска ја предизвикала украинската воздушна одбрана, соопшти НАТО
МИА