еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Москва најави „адекватен одговор“ кон Македонија за прогласувањето на петте руски дипломати за персона нон грата

Русија ќе одговори на одлуката на Северна Македонија да протера петмина руски дипломати, објавија денеска руските медиуми, повикувајќи се на извори во Амбасадата на Русија во Скопје.

– Ќе има адекватен одговор, нагласил изворот.

Министерството за надворешни работи денеска соопшти дека во неговите простории бил повикан рускиот амбасадор во земјава Сергеј Баздникин, кому му била врачена дипломатска нота со која петмина вработени во Амбасадата на Русија се посочени како непожелни во земјава или персона нон грата.

– Согласно информациите добиени од надлежните органи, наведените извршувале активности кои се во спротивност со Виенската конвенција за дипломатски односи и ќе треба да ја напуштат територијата на Република Северна Македонија во наредните пет дена, соопшти Министерството за надворешни работи.

Минатата година МНР за персона нон гарта прогласи двајца руски дипломати, едниот во мај, а вториот во август, и ги протера од земјава. И во двата случаи Русија реагираше со реципрочни мерки, односно со протерување на македонски дипломати од Москва.

МИА/Фото: Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Доктор Беќаровски: Следните осум месеци ќе се добие битката со Ковид-19, жртвувајте ги собирањата за Нова година и Божиќ за спокојно да го дочекаме летото

Редакција

Каков имот пријавил Борис Настов, директорот на ЈП Улици и патишта, кој поднесе оставка

Редакција

Неизвесно како ќе помине гласањето: Денеска во Собранието почнува расправата за доверба на Владата

Редакција