На 11.10.2020 во 12.30 часот во с.Трубарево, скопско, се случила сообраќајна незгода во која учествувале патничко возило „бмв“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.Д.(72) од Скопје, малолетен пешак од с.Трубарево и мотор „баутијан“, управуван од И.Ќ.(40) од с.Долно Лисиче, скопско, кој починал на местото на незгодата, информира МВР.
„Д.Д. и малолетниот пешак се пренесени во Комплекс клиники „Мајка Тереза“, каде кај малолетниот пешак биле констатирани тешки телесни повреди, а кај Д.Д. телесна повреда.
Увид на местото на незгодата извршила увидна екипа на СВР Скопје, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот мотоциклист ќе биде предадено за обдукција“, соопшти МВР.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.