еМагазин
Бизнис

Можно ли е намалување на ДДВ за електрична енегија како мерка за ублажување на растот на цената на струјата?

Последната одлука на Регулаторната комисија за енегетика (РКЕ) за зголемување на цената на струјата за 7,4 отсто, предизвика низа реакции во јавноста. Закажaни се дури и потести против монополот на ЕВН и Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), иако зголемувањето на цената на струјата е резултат на зголемените трошоци на државните компании ЕСМ и МЕПСО додека во делот на снабдувањето на ЕВН има намалување.

Во исто време пазарот на струја е целосно либерализиран и веќе и домаќинствата имаат можност да го изберат својот снабдувач.

Сметките за струја сега ќе бидат повисоки за нешто повеќе од 100 денари на месечно ниво. За струјата се плаќа 18 отсто ДДВ, додека за парното пред неколку години беше ДДВ беше намален на 5%, со што значително се намалија сметките за топлинска енегија.

Претседателот на РКЕ, Марко Бислимовски при објавувањето на одлуката за зголемувањето на цената на струјата истакна дека треба да се разгледа можноста за намалување на ДДВ за струјата, како една опција за намалување на месечните сметки.

Доколу би се намалило ДДВ за струјата од 18 на 5 отсто просечната месечна сметка од 2.066 денари, ќе се намали на 1.839 денари. Дали Собранието и Министерството за финансии ќе ја разгледаат оваа опција ќе треба да почекаме до формирањето на новата Влада.

Според податоците на Еуростат од 2018 до средина на 2019 година просечно цената на струјата се зголемила за 1,3%. Цената за еден киловат – час во ЕУ изнесува 21,4 центи.

За споредба, Македонија има значително пониска цена на струјата од онаа на земјите во ЕУ. Цената за еден киловат час во Македонија е три пати пониска од цената на еден киловат во земјите од ЕУ.

Поевтина струја од Македонија има во Србија, Косово и во Украина. Најскапа струја во ЕУ се плаќа во Германија од 0,3 евра за киловат-час, додека најевтина во Бугарија, каде што е трипати пониска.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Струјата поскапува за 7,4 отсто, евтината тарифа останува

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Царинска управа склучи договор со “Ремондис медисон“ вреден 347,1 илјади евра

Редакција

Колкава годишна плата има извршниот директор на Сковин?

Редакција

Жито Лукс лани со зголемена добивка

Редакција